Преку интерактивни активности, групна работа и размена на ставови, ученичките ги разгледуваа различните облици на насилство. Разговараа и за препознавањето на предупредувачките знаци и за поставувањето лични граници.
Работилницата „Кажи го гласно своето НЕ – не е љубов ако боли!“ ја водеше педагогот Ирена Пипиџаноска. Ова беше уште една работилница од кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“.
Целта беше да се поттикнат самопочитувањето, личната одговорност и храброста да се препознае и именува насилството, да се побара помош и да се проговори без страв и чувство на вина. Училиштето порача дека љубовта не контролира, не понижува и не повредува и дека секоја девојка има право на врска исполнета со почитување, сигурност и доверба.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.