Заинтересираните правни и физички лица треба да поднесат барање до општинското Одделение за урбанизам и заштита на животната средина. Локациите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“, а периодот на изнајмување ќе се утврди по поднесувањето на барањето.
Заинтересираните треба да платат административна такса за барањето, комунална такса за користење јавна површина и надоместок за закуп на јавен простор или објект. Корисниците ги плаќаат и трошоците за електрична енергија, според условите во договорот со општината.
Штандовите може да се изнајмат за продажба на греано вино, храна, печени костени, крофни и палачинки, кафе и топли напитоци, новогодишни пакетчиња и честитки, сувенири, ракотворби, детски играчки и фотографија. За продажба на храна треба да се постапува согласно Законот за безбедност на храната.
Штандовите може да работат секој ден од 10 до 22 часот, од 1 декември 2026 до 10 јануари 2027 година. Забрането е поставување производи надвор од изнајмениот објект.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.