Целта на обуката беше да се подигне свесноста за корупциските ризици, да се воспостават етички стандарди и практично да се зајакне деловниот интегритет во локалниот бизнис-сектор.
Обуката „Воведување на деловен интегритет: Корупциски ризици, антикорупциски службеник и етичка рамка“ беше организирана во рамките на иницијативата „Business with Integrity“ и „3C Consulting“, со кофинансирање од Европската Унија и Фондацијата Конрад Аденауер.
Во воведното обраќање, градоначалникот на Кочани, Влатко Грозданов, оцени дека локалната самоуправа и приватниот сектор имаат клучна улога во градењето транспарентно општество. Тој порача дека Општината ги поддржува иницијативите за повисоки етички стандарди и соработка меѓу локалните власти, бизнис-заедницата и експертите. Според Грозданов, заедничките напори и подготвеноста за промени се неопходни за деловна клима заснована на доверба и чесност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.