Конференцијата се одржа во кружната сала на поранешниот Комитет. На неа учествуваа претставници на институциите што го спроведуваат проектот, меѓу нив Општина Куманово и Советот на Општината, Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, Центарот за развој на локални социјални услуги во Врање и ЗРЦЛИП „Порака наша“ од Куманово.
Носител на проектот е Едукативниот центар од Лесковац, со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка Србија – Македонија и инструментот ИПА III.
Реализацијата започна во јули 2026 година и ќе трае 24 месеци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.