Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Карпош додели 185 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Извор на фотографијата: Општина Карпош
Извор на фотографијата: Општина Карпош

По повод 50-годишнината на Општина Карпош беа доделени 185 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик од општината.

Градоначалникот Сотир Лукровски лично ги доделуваше пакетите во населбите Влае 1 и Карпош 2. Тие содржат прехранбени производи, трајна конзервирана храна и средства за хигиена.

Во акцијата придонесоа деца од општинските градинки, ученици од основните училишта и вработени во општинската администрација. Лукровски рече дека еден пакет не може да ги реши сите предизвици со кои се соочуваат семејствата, но може барем малку да им го олесни секојдневието.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.