Во денешната контрола, Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зеде 40 примероци од водоводната мрежа на Скопје. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
За денес земените примероци претпријатието најави физичко-хемиски и микробиолошки анализи. Тие ќе се изработуваат во лабораториите на Секторот за санитарна контрола, акредитирани согласно „ISO“ 17025:2018, според основниот преглед А од Прилог 4 на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018.
Мониторингот се спроведува според Прилог 2, Дел Б од истиот правилник. Примероците се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5, која го уредува земањето примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.