Во Мешеишта, покрај уредувањето на споменикот во сретселото и работите на патот кон Волино, се одржуваат директни средби со жителите за решавање долгогодишни проблеми. Во Сливово се расчистува сретселото кај старото училиште, а во Оровник се реконструира и проширува главната улица пред храмот „Св. Илија“, со нови тротоари и осветлување.
Во Требеништа се уредува училишниот двор, со поставување заштитна ограда, улично осветлување, клупи и канти, како и хортикултурно уредување. Во Белчишта се реконструираат санитарните јазли и две училници, а завршено е чистењето на канал долг повеќе од 700 метри, од влезот на селото до општинската зграда.
Во Лактиње е завршено асфалтирањето на нова улица долга 90 метри. Во Горенци приватна механизација расчистува крајпатна вегетација и ги проширува банкините.
Во Лешани, старото училиште е во завршна фаза на преобразба во колонијален дуќан, а населбата добива и просторија за занимална за младите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.