Предлогот треба да ја усогласи општинската поволност со одлуката на Град Скопје, со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од градскиот дел од комуналиите. Ако измената биде усвоена, лицата што ги исполнуваат критериумите би можеле да добијат целосно ослободување од двата дела.
Останатите услови за општинското ослободување не се менуваат. Подносителот треба да има најмногу 40 години на денот на поднесувањето, да биде жител на Аеродром најмалку две години и да гради, доградува или надградува прв дом во своја сопственост. Објектот треба да биде наменет исклучиво за лични станбени потреби, а подносителот треба да достави комплетна техничка документација согласно со Законот за градење и да приложи изјава дека ќе го користи за сопствено домување најмалку десет години.
За усвојување на предложената измена е потребна поддршка од Советот на Општина Аеродром.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.