384 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Град Скопје и граѓанскиот сектор разгледуваат заедничко аплицирање за европски средства

Извор на фотографијата: Град Скопје
Извор на фотографијата: Град Скопје

Можностите за заеднички проекти и партнерско аплицирање за средства од Европската Унија беа меѓу темите на првата работилница за новата стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските здруженија и фондации за 2026–2029 година. На работилницата во салата на Советот на Град Скопје учествуваа претставници на повеќе од 80 организации и фондации.

Освен европските програми, беа разгледани и можностите за заедничко аплицирање кај меѓународни фондови и други донаторски организации. Целта е институционалните капацитети на Градот да се здружат со експертизата на граѓанските организации за да се обезбедат дополнителни извори на финансирање и да се развијат и спроведат заеднички иницијативи во интерес на граѓаните.

Учесниците имаа можност да споделат искуства, ставови и предлози за приоритетните области на соработка, подобра комуникација и транспарентност, како и за механизмите за поддршка на граѓанските иницијативи. Со работилницата започна консултативниот процес чија цел е обновување, зајакнување и унапредување на партнерството меѓу Град Скопје и граѓанскиот сектор.

Град Скопје оценува дека соработката во изминатите години не била на посакуваното ниво. Намерата на Градот е да воспостави редовен и отворен дијалог со организациите и да го поттикне нивното активно учество во креирањето и спроведувањето на локалните политики.

Подготовката на стратегијата ја води здружението Флорозон – Центар за еколошка демократија, во соработка со надлежните градски служби. Новиот документ се подготвува со намера да се воспостават поефикасни и поодржливи механизми за соработка. Првата стратегија била донесена за периодот 2007–2010 година, а потоа следувале стратегиите за 2013–2016 и 2019–2021 година.

Стратегијата ќе содржи конкретни стратешки цели, приоритети, мерки и акциски план со утврдени активности и показатели за следење на нивната реализација. Во подготовката се предвидени дополнителни консултации со заинтересираните страни за пошироко вклучување на граѓанскиот сектор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.