Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Гоцевски и претставници на „Македонски шуми“ разговараа во Делчево за превенција од пожари

Извор на фотографијата: Општина Делчево
Извор на фотографијата: Општина Делчево

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, вчера одржа работна средба со претставници на ЈП „Македонски шуми“ и Шумската полиција за рана превенција од пожари и заштита на шумите во општината.

На средбата присуствуваа Кире Михаилов, заменик-генерален директор на ЈП „Македонски шуми“, Игор Стојановски, директор на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола при претпријатието, и Славчо Лазаревски, началник на Шумската полиција.

Во разговорите беа истакнати потребата од навремено планирање превентивни мерки, редовно следење на состојбите на терен и поефикасна координација меѓу институциите. Беше нагласено и значењето на раното откривање ризици, засилената контрола на критичните подрачја и заедничкото дејствување на надлежните служби за спречување на шумски пожари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.