Признанијата ги добија фотографот, видеограф и монтажер Васко Трајков, поетот Пепи Стамков и атлетичарката Ана Бегова. Меѓу добитниците се и кадетската екипа на ФК „Кожуф“, Шаховскиот клуб „7 Ноември 2021“, Кошаркарскиот клуб „Гевгелија“, трговските комплекси „Gevgelija Mall“ и „МЕГА Шопинг Парк“, хотелскиот комплекс „Coconut“ и компанијата „Конти Хидропласт“.
Кадетите на „Кожуф“ го освоија шампионското место во Втората македонска фудбалска лига за кадети во сезоната 2025/2026. Машката екипа на шаховскиот клуб го освои првото место во Втората лига и се пласираше во Првата шаховска лига, а машката и женската сениорска екипа на Кошаркарскиот клуб „Гевгелија“ обезбедија пласман во Првата кошаркарска лига.
Бегова во 2026 година освои први места на домашни и меѓународни атлетски натпреварувања. Трајков доби признание за филмските остварувања и фестивалските награди, а Стамков за книжевното творештво, наградите и учеството на книжевни манифестации.
Меѓу стопанските добитници е „Конти Хидропласт“, која донирала 100.000 евра за реконструкција на Интерното одделение и Одделението за детска превентивна стоматологија во гевгелиската болница. „Gevgelija Mall“ и „МЕГА Шопинг Парк“ се наградени за инвестициите и придонесот кон трговската понуда, а „Coconut“ за туристичките и спортско-рекреативните содржини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.