Активностите се реализирале преку социјалната услуга „Дневен престој за стари лица со активно стареење“ и Центарот за давање помош во домашни услови. На три локации во Скопје, кај автобуската постојка Зелен Пазар, пред пазарот Буњаковец и на плоштад Сарај, биле поставени информативни пунктови. Граѓаните можеле бесплатно да го измерат крвниот притисок и нивото на гликемија и да добијат здравствени совети и информации.
Во Веро Центар бил организиран хуманитарен базар. Во соработка со Халкбанк била реализирана активност на тема „Сигурност, стабилност и доверба за пензионерите“, насочена кон нивно информирање и поддршка за сигурноста и стабилноста.
Одбележувањето вклучувало и игра наречена „Нашите години, нашите приказни“, со дружење, разговор и споделување спомени и животни искуства.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.