385 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Читателки од Делчево препорачаа десет книги на „Кафе, книга и женски приказни“

Фотографија од настанот · ЈЛБ „Илинден’’ Делчево
Фотографија од настанот · ЈЛБ „Илинден’’ Делчево

Десет книги се најдоа на листата со препораки од редовните читателки на ЈЛБ „Илинден“ во Делчево, кои вчера во библиотечната читална разговараа за книгите и за своите животни приказни. Дружењето го носеше името „Кафе, книга и женски приказни“.

Разговорот не се задржа само на книжевните наслови и авторите. Учесничките споделуваа лични искуства и мисли поврзани со прочитаното. Според библиотеката, зборуваа за книги што ги насмеале, расплакале или охрабриле, а понекогаш ги поттикнале и поинаку да гледаат на животот. Ги поврзувале љубовта кон книгата и потребата да разговараат и да споделуваат животни приказни.

На другите читатели им ги препорачаа „Моќта на потсвеста“, „Тајната на Алексови“, „Цутот на црешите“, „Крадец на бакнежи“ и „Папата Јована“. Листата ја дополнуваат „Ловејки го злотворот“, „Во врска со оваа ноќ“, „Измиен грев“, „Вештица“ и „Зад затворени врати“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.