Доделувањето беше на 20 ноември, на централната вечер во Градската галерија. Петдневната програма почна на 18 ноември и заврши вчера, а покрај галеријата, домаќин беше и библиотеката „Браќа Миладиновци“. Беа промовирани книгата „Граници од земја“ од Јовица Илиќ и дела од домашни автори, а се одржа и поетско-музичкиот концерт „Синергија“.
За животот и творештвото на Ацо Караманов, поетот чие име го носат средбите, средношколци разговараа на тркалезна маса. Дел од програмата беа и конкурсот за детска поезија и поетскиот перформанс за најмладите.
Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец, кој се обрати на централната вечер, оцени дека ваквите активности го поттикнуваат интересот на младите за литературата и дека средбите со децении го прават Радовиш препознатлив по поезијата. Тој порача дека општината ќе продолжи да ги поддржува книжевното творештво, уметноста и манифестациите што ја чуваат културната традиција на градот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.