Меѓу предлозите се програми за одржување на јавната чистота, зеленилото, осветлувањето и јавните патишта, управување со отпадот и контрола на популацијата на бездомни кучиња за 2027 година. На дневниот ред се и програми за водоснабдување и канализација.
Советниците ќе разгледуваат и предлог-програма за изградба на Дом за престој на стари лица за 2027, 2028 и 2029 година, како и предлог-план за развој на општината за периодот 2027–2029.
На дневниот ред се и информација за работата на ОВР Кочани во 2025 година во делот на малолетничката деликвенција, предлог-измени на правилникот за студентски стипендии и предлози за разрешување и именување членови во училишни одбори.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.