Најважно
378 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Пијанечките денови на сливата се одржаа во селото Град

Извор на фотографијата: Општина Делчево
Извор на фотографијата: Општина Делчево

Пијанечките денови на сливата се одржаа на 4 ноември во селото Град, со подготовка и дегустација на производи од слива и продажни штандови.

Во манифестацијата учествуваа образовни институции од Делчево, месната заедница, локални институции, производители на ракија и здруженија на граѓани. Учениците од прехранбената насока во СОУ „М.М. Брицо“ подготвија специјалитети од сливи.

Во центарот на селото се вареше ракија и се подготвуваше мармалад, а на штандовите беа изложени производи со сливи. Град е едно од значајните подрачја за производство на сина слива во Пијанец.

Епитетот за највесела ракија го доби ракијата произведена од Венко Синадинов, а второто место му припадна на Атанас Ангеловски. Наградата за најубаво уреден штанд ја добија штандот на фарма Долнени од Кичево и СОУ „М.М. Брицо“ од Делчево.

На сцената настапија КУД „Гоце Делчев“, фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и инструменталисти и вокалисти од селото. Манифестацијата ја организираа Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, месната заедница, локални институции и бизнис-секторот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.