На средбата присуствуваа Кире Михаилов, заменик-генерален директор на ЈП „Македонски шуми“, Игор Стојановски, директор на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола при претпријатието, и Славчо Лазаревски, началник на Шумската полиција.
Во разговорите беа истакнати потребата од навремено планирање превентивни мерки, редовно следење на состојбите на терен и поефикасна координација меѓу институциите. Беше нагласено и значењето на раното откривање ризици, засилената контрола на критичните подрачја и заедничкото дејствување на надлежните служби за спречување на шумски пожари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.