Најважно
373 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Градоначалникот на Прилеп презентираше отчет за првата година од мандатот

Гледај на YouTube

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, пред граѓаните презентираше отчет за првата година од мандатот, со преглед на реализираните, тековните и подготвуваните проекти. Меѓу нив се инфраструктурни зафати, вложувања во животната средина и образованието, како и идни општински проекти.

Преку поддршката од Владата, за Општина Прилеп се обезбедени средства за 18 капитални проекти во вредност од околу 12 милиони евра. Шест проекти се завршени, пет се во завршна фаза, а седум се во почетна фаза на реализација.

Меѓу презентираните инфраструктурни зафати е рехабилитацијата на улици и патишта во градот и сите населени места, реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“ и изградбата на водоводи во Лениште и до манастирот „Св. Димитрија“ кај Селце. Фабриката за селекција на отпад е инвестиција вредна 90 милиони денари, со капацитет за обработка до 10 тони отпад на час.

Во првата година од мандатот, инвестициите за подобрување на условите во образованието надминале 40 милиони денари. На настанот „Амбасадори на знаењето“ биле наградени 140 основци и средношколци за освоени први, втори или трети места на национални и меѓународни натпревари.

Меѓу проектите што се подготвуваат или наскоро треба да започнат се реконструкција на улиците „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“, изградба на дел од улицата „Победа“ и нов мост, како и поставување полуподземни контејнери на 21 локација. Во подготовка се и обиколниците Исток и Запад, училишна спортска сала во Мало Коњари и нов Генерален урбанистички план.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.