Најважно
373 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Битола отворени три тематски соби во чест на Александар Стерјовски

Извор на фотографијата: Општина Битола
Извор на фотографијата: Општина Битола

Во Битола се отворени три тематски соби посветени на музичкиот живот на градот, неговата историја и минатото на Офицерскиот дом. Отворањето е дел од програмата за 4 Ноември и е во чест на истражувачот на битолската историја Александар Стерјовски.

Музичката соба го претставува музичкиот живот на Битола, Градската соба нејзината историја, а третата соба е посветена на минатото на Офицерскиот дом. Просторите се отворени во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, организирана од Општина Битола и Културниот и информативен центар.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, советници и гости од збратимените градови.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.