Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

АОПЗ и Општина Старо Нагоричане разговараа за правата на помалубројните заедници

Извор на фотографијата: Агенција за остварување на правата на заедниците
Извор на фотографијата: Агенција за остварување на правата на заедниците

На 2 ноември директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, и градоначалникот на Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, разговараа за положбата на помалубројните заедници и можностите за соработка.

На средбата учествуваа и дел од општинската администрација и претставници на помалубројните заедници. Разговорот ги опфати тековните општински проекти, идните развојни планови и предизвиците на заедниците, како и надлежностите и активностите на АОПЗ.

Начелно беше договорено потпишување меморандум за соработка меѓу АОПЗ и општината, како и иницирање заеднички проекти за подобрување на положбата и унапредување на правата на помалубројните заедници.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.