Просториите на приземјето на повеќенаменскиот социјален центар им се доделени на здруженијата Избор Струмица, Вера Струмица, Гликоза од Струмица, Скај Плус од Струмица и на подружницата Струмица на СОС Детско село Скопје.
Во Новиот НВО центар, на првиот кат, простории добија здруженијата Родителски фронт Струмица, Проагро фармери и Ротари Клуб Струмица, како и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица.
Распределбата е направена според бодовите од евалуацијата на комисијата за спроведување на јавниот повик. Повикот е објавен на 1 октомври, а записникот од евалуацијата е од 21 октомври 2026 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.