На советувањето биле разгледани досегашната работа на советничките групи, методите на политичко дејствување и начините за поефикасно застапување на јавниот интерес во локалните самоуправи. Биле споделени искуства и отворени прашања за претстојното политичко дејствување.
Левица најавува дека посебен фокус ќе стави на проблемите со земјоделството и локалната инфраструктура, заштитата на земјоделското земјиште и природните ресурси, борбата против отворањето рудници како „Иловица-Штука“, како и домаќинското и транспарентното трошење на општинските буџети.
Партијата најавува дека нејзините советници ќе ги отвораат овие прашања во рамките на своите надлежности и ќе бараат одговорност од локалната власт за секој проблем што директно го засега животот на граѓаните во ИЕ 4.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.