На 19 ноември, на 48. школа „Млади физичари“, Зороска беше наградена за проектот „Мерење и графички приказ на пулсот кај човекот и кислородот во крвта“. Во него ги поврза физиката и медицината преку две прашања: како се мерат и графички се прикажуваат овие показатели и какво е нивното значење за здравјето.
На 21 ноември, на манифестацијата „Месец на науката“, третата награда ја освои со проектот „Зелена синтеза: растителни екстракти како био-фабрики за антибактериски наночестички“. Зороска истражуваше како растителните екстракти може да се користат во развојот на антибактериски материјали, поврзувајќи ги биологијата, хемијата и медицината.
Ментор на Зороска беше професорот Георги Ставрески, кој ѝ даваше стручни насоки при изработката на двата проекта. Од училиштето оценија дека со својата работа Зороска покажала дека младите можат да истражуваат актуелни прашања од медицината и природните науки и да ги претстават резултатите пред научната јавност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.