Питер Адамс учествуваше како експерт за слободен пристап до информации во германското Сојузно министерство за надворешни работи во Берлин, а д-р Мартина Шлогел како експерт од Канцеларијата на сојузниот комесар за заштита на личните податоци и слобода на информирањето. Искуство од покраинско ниво донесе Ребека Флајснер, заменик-раководител на Одделот за слободен пристап до информации во канцеларијата на комесарот за заштита на личните податоци и слобода на информирањето на Баден-Виртемберг. Во разговорите учествуваше и директорот на АСПИ, Петар Гајдов.
Преку презентации и дискусии, учесниците ги разгледаа тешкотиите што се јавуваат во практиката и можностите институциите да работат поотворено и поотчетно. Целта беше домашните институции да бидат подобро подготвени да ги применуваат европските стандарди за пристап до информации. АСПИ оценува дека германските искуства можат да послужат како основа за долгорочни решенија во Македонија.
АСПИ ги организираше работилниците со германскиот партнер „IRZ“ како дел од експертска мисија на проектот „Поддршка на слободниот пристап до информации – напредуваме заедно“. Проектот е дел од програмата „Твининг лајт“ и го финансира Европската Унија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.