Најважно
377 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Од 1 декември скопјани ќе можат да пријават новогодишно украсен двор или тераса за награда

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.

Град Скопје ќе прима пријави за натпреварот „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ од 1 декември до 21 декември годинава вклучително. Покрај наградите за новогодишно украсување, Градот ќе додели и награда за најубав празничен расказ од средношколец.

За новогодишно украсување ќе се избираат најубавиот двор на семејна куќа, најубавата тераса на стан и најубаво украсениот деловен или угостителски објект. За средношколците темата на расказот е новогодишни желби и празнувања.

За учество во изборот за украсување треба да се испратат фотографии од украсениот простор, заедно со адресата и телефонот за контакт на сопственикот.

Фотографиите со податоците за сопственикот, како и средношколските раскази, може да се испратат на poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk или по пошта на булевар Илинден број 82, 1000 Скопје. На поштенската пратка треба да стои назнаката: За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“.

Жири составено од претставници на медиумите ќе ги посети пријавените објекти и ќе ги оцени пристигнатите раскази. За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на 02/3297 265 секој работен ден од 9 до 16 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.