Со мапирањето ќе се утврди колку говеда има, каде се концентрирани и колку се пристапни тие места. Од тие податоци ќе зависи како ќе се организира работата на терен. Планот, кој Владата го усвои на претходната седница, предвидува и ветеринарна контрола на животните пред превозот до местата за привремено сместување.
За натамошното згрижување, штабот ја разгледа и можноста дел од добитокот да им се отстапи на здруженија на сточари и на млади сточари, во согласност со законските прописи.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски рече дека при спроведувањето на решенијата приоритет е да се заштитат жителите, нивниот имот и земјоделското производство, а притоа да се почитуваат стандардите за здравјето и благосостојбата на животните. Според него, за трајно решавање на проблемот е важно институциите да работат усогласено и секоја да го исполни својот дел од обврските.
На состанокот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, штабот утврди кои луѓе и опрема се потребни за теренската работа и со каква логистичка поддршка располагаат институциите. Покрај Министерството, задачи добија Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Бирото за процена. Штабот ќе следи како секоја институција ги исполнува задачите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.