За денешната контрола, Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје зеде 40 примероци од градската водоводна мрежа. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Секторот ја следи водата според Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018 (прилог 2, дел Б). Примероците се земени според стандардот МКС „ISO“ 5667-5, кој ја опишува постапката за земање вода за испитување од пречистителни станици и водоводни мрежи.
Лабораториите на секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018, ќе направат физичко-хемиска и микробиолошка анализа на сите 40 примероци. Двете анализи се дел од основниот преглед А, утврден во прилог 4 од правилникот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.