Во главната конкуренција за вино, второто место му припадна на Марјан Копчаревски, а третото на Срѓан Кајсторовски. Кај ракиите, втор беше Никола Кошчицовски, а трет Александар Варсакевски.
Цимбировски доби награда и за розево вино, покрај Срѓан Кајсторовски, Александар Варсакевски и Игор Пршевски. За црно вино беа наградени Марјан Копчаревски, Зоран Поповски – Попе и Русе Таневски, а за бело вино Владанка Чакалиќ, Јован Шаговски и Цеко Русовски.
Поповски беше меѓу наградените и за жолта ракија, заедно со Александар Варсакевски и Срѓан Кајсторовски. Признанија за бела ракија добија Никола Кошчицовски, Александар Ковачевиќ и Драги Касовски.
Во општинската сала во Кучевиште жителите од повеќе населени места поставија штандови со домашни производи и локални специјалитети, меѓу кои имаше печива и зимница. Селото Побожје го доби признанието за најдобро уреден штанд.
Како се прави квалитетно вино и како се гради бренд на домашен производ беа две од темите на стручните предавања. М-р Игор Деспотовски, Игор Аговски и Љубинка Мицова зборуваа и за дигитализацијата во земјоделството и за правилната употреба на пестициди и ѓубрива. Присутните поставуваа прашања и ги изнесуваа своите мислења.
Со традиционална музика и оро настапија ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и членови на КУД „Александар Урдаревски“. Градоначалникот на Чучер-Сандево, Зоран Бајовски, оцени дека ваквите настани им даваат поддршка на домашните производители и помагаат традициите на Скопска Црна Гора да се пренесат на следните генерации.
Манифестацијата ја поддржаа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Чучер-Сандево, ОЈУ Партизански дом „Сандево“ и Здружението на пензионери Чучер Сандево.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.