Може да се пријави секој што го интересираат филмот, дигиталниот маркетинг, комуникациите, социјалните мрежи или промоцијата на културни и аудиовизуелни содржини. Пријавите се поднесуваат преку електронски формулар. Бројот на места е ограничен, а избраните кандидати ќе добијат известување по е-пошта најдоцна до 30 ноември.
Двајца предавачи од француската агенција „Luckytime“ ќе ја водат обуката. На 4 декември учесниците преку конкретни примери и вежби ќе работат на дигитална стратегија, планирање и креирање кампањи и рекламирање на социјалните мрежи. Ќе анализираат и податоци за да видат кои показатели се клучни за мерење на успехот на една кампања.
На 5 декември, по филмската проекција, учесниците ќе работат во тимови на дигитална стратегија што ги поврзува креативната содржина и податоците. Секој тим ќе ја претстави својата стратегија и ќе добие коментари од предавачите.
„Luckytime“ е агенција со седиште во Париз, специјализирана за дигитален маркетинг во филмската и аудиовизуелната индустрија. Меѓу нејзините клиенти се „CNC“, „AFCAE“, „StudioCanal“, „MK2“, „Pyramide“ и „Jour2Fête“. Обуката е дел од програмата „European Film Festival Support“ на Европската Унија, која ја спроведуваат „Cineuropa.org“, Францускиот институт и Гете-институтот.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.