Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Петрушевски ја обвини опозицијата дека ширела невистини за да добие политички поени, надевајќи се дека ќе предизвика паника и кај клиентите на други банки. Тој рече дека во Алта банка се постапува по закон и дека администрацијата е воведена за да ги заштити клиентите и нивните депозити.
Петрушевски ја спореди оваа мерка со случајот на Еуростандард банка, која, како што рече, веднаш била затворена. Тој тврди дека дел од струмичките фирми што зеле кредити од таа банка не ги вратиле, а поранешен министер за финансии го повлекол својот депозит ден пред затворањето.
За преземањето на Алта банка, Петрушевски рече дека станува збор за законска приватна трансакција во која државата не учествувала. Тој ги отфрли тврдењата дека парите за купувањето имале сомнително потекло и дека Алта банка Белград имала забрана да купува банки во други земји. Посочи дека банката го имала истиот сопственик и во 2023 година, кога претходната влада решила државата да воспостави деловни односи со неа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.