Утре наутро ќе биде ведро, со температури од минус осум до нула степени. Преку денот ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер и максимални температури од 6 до 12 степени.
Во четврток ќе биде облачно со повремен дожд. Во западните делови се очекуваат повеќе од 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен јужен ветер кој на места повремено ќе засилува. Утринските температури ќе бидат од 2 до 7 степени, а дневните од 7 до 12. За утре и за четврток УХМР нема издадено предупредување.
Во петок и сабота ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд. И во двата дена на места се очекуваат над 30 литри на квадратен метар. Во петок ветерот првин ќе биде слаб и од променлив правец, а попладне и кон крајот на денот на места долж Повардарието ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурите наутро ќе бидат од 5 до 9 степени, а преку денот од 8 до 12.
Во сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, а дневните од 6 до 11.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.