Најважно
413 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сите испитани примероци од скопскиот водовод ги исполнуваат условите за вода за пиење

Фотографија објавена на јавниот профил на Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје

Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци од водоводната мрежа во Скопје ги исполнуваат пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ денес зеде 40 примероци од скопската водоводна мрежа. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.

Секторот ја проверува водата секојдневно според Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018 (прилог 2, дел Б). Денешните примероци се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5 за земање примероци на вода за пиење од пречистителни станици и водоводни мрежи.

Лабораториите на секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018, ќе направат физичко-хемиска и микробиолошка анализа на сите 40 примероци. Двете анализи се дел од основниот преглед А од прилог 4 на правилникот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.