Со амандманот на Предлог-буџетот за 2027 година, СДСМ побарал средства за 10 камиони со капацитет над 10 тони за собирање и превоз на отпад, пет помали специјализирани камиони и осум мобилни машини за метење на улиците. Целта на набавката била кумановци да добијат подобри комунални услуги, почист град и подобри услови за живот.
Според Спасовски, Државниот инспекторат за локална самоуправа утврдил неправилности во постапката за донесување на општинската одлука за задолжување. Пратеникот порача дека на кумановци им треба јавно претпријатие што добро функционира и дека со јавните пари мора да се управува одговорно.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.