Најважно
190 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Штип ќе го уредува Л’џи за Ново Село да прерасне во музеј на отворено

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Штип
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Штип
  • Проектот ги опфаќа и сместувачките капацитети во бањата „Кежовица“.
  • За 2027 година е планирана реставрација на десетина куќи во Ново Село.
  • Во план се и реставрација и осветлување на мостот кај Л'џи.

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денес го најави почетокот на уредувањето на локалитетот Л'џи во Ново Село. Целта е Ново Село да го зачува својот автентичен изглед и да стане музеј на отворено што ќе привлече посетители кои сакаат да го запознаат културно-историското наследство на Штип.

Покрај уредувањето на Л'џи, проектот предвидува и реконструкција на сместувачките капацитети во бањата „Кежовица“. Средствата се обезбедени преку прекугранична соработка со Бугарија, а дел од парите ги обезбедува Општина Штип.

За 2027 година Општината планира да реставрира десетина куќи во Ново Село и да ги уреди нивните фасади. Во план е и да се расчисти речното корито, а мостот кај Л'џи да се реставрира и да се осветли.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.