Најголемиот износ, 60 милиони денари, пратениците го побарале за урбанистичко уредување и справување со бесправната градба. Предлогот опфаќал изработка и ревизија на генералните урбанистички планови за Охрид и Струга, планско уредување на крајбрежјето и евидентирање на дивоградбите. За нивно отстранување би се издвојувале средства кога за тоа има законска основа.
Со друг амандман Левица побарала 40 милиони денари за изградба и реконструкција на секундарната канализациска мрежа долж Охридското Езеро. Предност би имале Трпејца, Љубаништа, Радожда и другите крајбрежни населени места што не се опфатени со мрежата. Преостанатите 30 милиони денари биле предложени за научна заштита и следење на состојбата на Студенчишкото Блато и Охридското Езеро.
Левица ги оцени како лицемерни изјавите на Мицкоски дека Владата е посветена на зачувување на статусот на УНЕСКО. Како пример за двојни стандарди, партијата посочи хотел во заштитената зона на охридското крајбрежје, за кој тврди дека му припаѓа на Сашо Мијалков и дека е дивоградба што институциите не ја санкционираат.
Од огранокот обвинија дека институциите не реагираат решително кога во заштитената зона се градат објекти поврзани со моќници. Нивниот став е дека езерото не ѝ припаѓа на ниту една власт, политичка или бизнис-елита, туку е природно наследство и на идните генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.