Во вторник, 1 декември, од 9 до 15 часот, тимовите ќе ги доработуваат идеите и ќе осмислуваат нови решенија со поддршка од експерти и претставници на бизнис-заедницата. Потоа ќе ги претстават идеите пред стручна комисија. По оценувањето ќе биде прогласен победничкиот тим, а учесниците ќе добијат сертификати за учество.
Хакатонот е посветен на иновациите, претприемништвото и одржливиот развој. Со поддршка од европската универзитетска алијанса „ACE²-EU“, настанот ќе ги поврзе студентите и истражувачите со институциите и бизнис-заедницата.
На отворањето ќе зборуваат ректорот Дејан Мираковски и проректорот за инвестиции и развој Дарко Лазаров, кој е и координатор на стартап центарот. Ќе се обратат и министерката за образование и наука Весна Јаневска, градоначалникот на Штип Иван Јорданов и Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.
Меѓу меѓународните говорници се Сангита Ратнајаке, која го води инкубаторот „ARIS“ на „ACE²-EU“, Јанине Ланг, раководителка на стартап центарот на Техничката висока школа во Инголштат, и професорот Моше Звиран, раководител за иновации и претприемништво на Универзитетот во Тел Авив. На свеченоста ќе бидат доделени и сертификати за менторска поддршка на стартапи во проектот „IMPACTWHEEL“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.