Двајцата министри оценија дека односите меѓу Македонија и Грција се подобруваат. Изразија подготвеност да ја продлабочат соработката преку политички дијалог и преку инфраструктурно и енергетско поврзување долж Коридорот 10. За двете земји, нагласија министрите, важни се почитувањето на меѓународното јавно право, меѓусебното разбирање, добрососедството и сојузништвото во НАТО.
Средбата се одржа на маргините на министерскиот состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“. Муцунски му се заблагодари на Герапетритис за поканата и за поддршката што Грција континуирано му ја дава на Западен Балкан за интеграција во Европската Унија. Тој рече дека Владата останува посветена на реформската агенда и на подготовките на Македонија за членство во ЕУ во согласност со Копенхашките критериуми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.