Правните, институционалните и финансиските пречки можат да ги спречат граѓаните да ги остварат своите права и кога тие формално им се признаени. Учесниците разговараа за тоа како со правна поддршка граѓаните можат да ги искористат достапните начини за заштита. Посебно внимание им посветија на лицата и групите изложени на ризик од дискриминација и социјална исклученост.
Во Белград се состана и Регионалната мрежа на тела за еднаквост во Југоисточна Европа. Членките разговараа за тоа како работат националните тела и со кои тешкотии се соочуваат при заштитата од дискриминација. Целта на континуираната соработка и меѓусебната поддршка е институциите да можат поефикасно да ги штитат човековите права.
КСЗД ја гледа размената на знаења и практики со институциите од регионот како начин да ја подобри заштитата од дискриминација. Целта на Комисијата е секој граѓанин да има еднаква можност да ги оствари и да ги заштити своите права.
Конференцијата „Од правата до правдата: Бесплатната правна помош во функција на еднаквоста“ ја организираше српскиот Повереник за заштита на еднаквоста по повод Меѓународниот ден на толеранцијата. На годишниот собир овојпат беа одбележани и десет години од основањето на регионалната мрежа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.