Најважно
92 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Муцунски: Земјите од Западен Балкан треба поактивно да учествуваат во обликувањето на политиките на ЕУ

Фотографија објавена на јавниот профил на Тимчо Муцунски
Фотографија објавена на јавниот профил на Тимчо Муцунски
  • Муцунски ги поддржа предлозите на Европската комисија за полесно одлучување во Советот на ЕУ.
  • Земјите од групата ја потврдија заложбата за побрза интеграција на Западен Балкан.

Постепената интеграција во ЕУ треба да им даде на земјите од Западен Балкан поактивна улога во обликувањето на политиките на Унијата, порача денеска во Атина министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој се заложи за иницијативи што ќе овозможат такво учество и ќе им донесат конкретни придобивки на граѓаните.

На министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ со партнерите од регионот, Муцунски нагласи дека процесот на пристапување кон ЕУ треба да биде кредибилен и предвидлив. Тој ги поздрави предлозите на Европската комисија за полесно донесување одлуки во Советот на ЕУ.

Муцунски учествуваше на покана на неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис. Министрите разговараа за предизвиците со кои се соочува политиката на проширување во сегашните геополитички околности. Земјите од групата ја потврдија својата заложба проширувањето да остане меѓу приоритетите на ЕУ и да се забрза интеграцијата на Западен Балкан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.