„Аксес“ е глобална програма за микростипендии со поддршка од Стејт департментот на САД. Во Македонија ја спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а ја финансира Амбасадата на САД во Скопје.
Покрај интерактивната настава по англиски, „Аксес“ вклучува дебати, проекти во заедницата, студиски посети, летен камп и активности за професионален развој. Учесниците се запознаваат и со американската култура и со демократските вредности.
Средношколците учат да размислуваат критички, да работат во тим и да ја развиваат својата креативност. Програмата опфаќа и дигитална писменост, писменост за вештачката интелигенција, претприемништво и граѓанско учество.
Наставничките Катерина Сусинова и Наташа Спасевска им ги врачија сертификатите на учениците. За својата менторска работа и двете добија сертификати од Чарлс Сантијаго Моралес, заменик за односи со јавноста во Амбасадата на САД. Моралес ги поздрави и ги охрабри стипендистите, а на свеченоста присуствуваа и Борка Талевска од Амбасадата и Бесник Рамадани и Стела Пијанманова Стојанова од МЦГО.
Учениците имаа можност да разменат искуства од програмата, а за заедничката фотографија дел од учесниците ги фрлија капите во воздух. По доделувањето следуваше филмска проекција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.