Претходното ниво на познавање на англискиот јазик не е услов за аплицирање. Во повикот како најважни се издвојуваат мотивацијата, посветеноста и желбата за учење.
Заинтересираните треба да го преземат и пополнат формуларот за аплицирање, а потоа да го испратат на access.strumica@gmail.com.
Интервјуто ќе се одржи во четврток, 26 ноември, во 13:30 часот во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. Учениците што во тој термин имаат настава во втора смена треба да го наведат тоа, за да им биде доделен дополнителен термин за интервју.
Покрај изучувањето англиски, програмата ќе опфати дигитални вештини поврзани со вештачка интелигенција и сајбер-безбедност, како и развивање критичко размислување, тимска работа, јавен говор и претприемаштво. Учесниците ќе се запознаваат и со американската историја, култура, традиции, демократски вредности и волонтерство.
Ќе има летен камп, едукативни посети, кинопроекции, меѓуградски размени, спортски и тимски активности. Учениците ќе се запознаваат со врсници од други градови и ќе работат на заеднички проекти и иницијативи.
Програмата е финансирана од Стејт департментот на САД, преку Амбасадата на САД во Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.