„Органска трпеза 2026“ е деветти меѓународен саем на органски и традиционални производи, а „Агромак 2026“ е петти меѓународен саем за земјоделство, технологија, храна и преработки. Двата настана се дел од регионална платформа за земјоделство, храна, рурален развој, туризам, образование, наука и бизнис.
Организатори се Комората на органски производители на Македонија и здружението „Живот“ од Куманово, а финансиска поддршка обезбедила Општина Куманово преку Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, ги отвори саемите пред учесници, посетители, претставници на општинската администрација и високи државни институции, производители и стопанственици од регионот. Таа ја истакнала улогата на земјоделството во економскиот систем и неговото значење за напредокот и просперитетот на земјата.
Целта на саемите е да ги поврзат индивидуалните производители и компаниите со институциите, образовните и научните установи, туристичките организации, граѓанските здруженија и локалните заедници. Програмата вклучува и Агро-детско катче со едукативни, креативни и забавни активности за деца, ученици и семејства, посветени на здравата храна, природата, селската средина, пчелите, растенијата, животните и локалната традиција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.