За превенцијата и навременото откривање на заболувањата на простатата вчера се одржа предавање во просториите на Здружението на пензионери во Пехчево. Темите ги опфатија значењето на редовните здравствени прегледи и навремената информираност.
Здравствениот дом ги посочува честото ноќно мокрење, слабиот или прекинат млаз на урината, тешкото започнување со мокрење, чувството на нецелосно празнење на мочниот меур и печењето или болката при мокрење како симптоми што не треба да се игнорираат. Притоа укажува дека зголемената простата не значи секогаш сериозен проблем, но важно е симптомите навреме да се препознаат и да се направи лекарска проценка.
Препораките вклучуваат разговор со лекар за потребните испитувања, редовни контроли и информирање за најчестите заболувања на простатата. За одржување здрави животни навики се препорачуваат физичка активност, здрава исхрана, доволно вода и одржување здрава телесна тежина.
Здравствениот дом ја продолжува соработката со Здружението на пензионери во Пехчево.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.