Небиу е специјалист по семејна медицина и активист од основањето на партијата. На собранието, покрај претседателот, беше избрано и претседателството на огранокот.
По изборот, Небиу им се заблагодари на делегатите и соработниците за довербата, оценувајќи ја новата должност како одговорност и национална мисија. Тој се обврза дека заедно со нив ќе продолжи да работи за зајакнување на гласот и националната кауза на Албанците во Кичево.
На собранието присуствуваше и претседателот на Албанската лига, Зијадин Села. Тој го опиша Кичево како национална кауза за Албанците и за партијата, но и како болна рана. Повика на поголема мобилизација на Албанците во Кичево и пошироко, за враќање на националното достоинство и заштита на процесите кои, според него, секојдневно се на удар на актуелниот политички естаблишмент.
Координаторот за регионот, Ремзи Мехмеди, оцени дека зајакнувањето на Албанската лига, особено во Кичево, е важно за заштитата и напредокот на Албанците во општината и во другите населени места. Тој рече дека кога нивниот политички субјект, тогаш како Алијанса за Албанците, бил силен, со Кичево раководеле Албанци. Затоа ги повика присутните и сите Албанци на поголем ангажман за повторно зајакнување на партијата и враќање на раководењето со Кичево.
Присуствуваа и членовите на партиското претседателство Зулфи Адили – Ќуфа, Тирон Јајага и Дритон Небиу.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.