Учесниците ќе имаат можност во тимови да ги развиваат и тестираат своите идеи, со стручна поддршка при создавањето иновативни решенија. Целта е да се работи на актуелните предизвици во регионот.
Може да се пријават студенти од сите три циклуси на студии на УКЛО и од партнерските универзитети во алијансата „COLOURS“, како и членови на академскиот и административниот кадар. За учество е потребна соодветна потврда за статусот.
Хакатонот ќе се одржи на 11, 12 и 13 декември 2026 година во Студентскиот информативен центар – СИЦ во Битола. Работата ќе биде со физичко присуство, на македонски и англиски јазик.
Пријавувањето е преку формуларот за регистрација, а деталите за условите и начинот на пријавување се достапни во целосниот повик. Достапни се и повикот на англиски јазик и декларацијата за постапката за награди на хакатонот.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.