Најважно
377 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици во Битола дискутираа за детскиот глас во одлуките за нивниот живот и образование

Гледај на Facebook
  • Заедно со нив, училиштето го претставуваше и наставничката-советничка Елена Аспровска Божиновска.
  • Климент Охридски“.
  • Слушањето и разбирањето на секое дете го посочија како заедничка одговорност.

Претставници на Ученичката заедница од ООУ „Елпида Караманди“ денеска се вклучија во панел-дискусија во КИЦ „Офицерски дом“ во Битола, посветена на гласот на децата и почитувањето на нивното мислење при носењето одлуки за нивниот живот и образование.

На панелот учествуваа Милана Ширковска, претседателка на Ученичката заедница, и Серафим Илиевски, заменик-претседател. Заедно со нив, училиштето го претставуваше и наставничката-советничка Елена Аспровска Божиновска.

На панелот учествуваше и Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник од битолската Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Таа зборуваше за пречките со кои се соочуваат децата кога сакаат да споделат што ги загрижува и за поддршката што им е потребна. Посебно се осврна на улогата на возрасните во градењето доверба, за децата да можат слободно да зборуваат и да се чувствуваат безбедно, прифатено и слушнато.

Дискусијата ја опфати и заштитата од насилство и дискриминација, со акцент на препознавањето ризици и важноста децата да знаат каде и кому можат да се обратат за помош и поддршка.

Од училиштето го нагласија значењето на вклучувањето на ученичките претставници: нивниот глас, мислење и искуство треба да бидат слушнати и почитувани кога се одлучува за прашања што ги засегаат. Слушањето и разбирањето на секое дете го посочија како заедничка одговорност.

Посебна тематска целина беше посветена на физичкото и менталното здравје на децата, пристапот до соодветна здравствена грижа, инклузијата и обезбедувањето еднакви можности за секое дете.

Во разговорот учествуваа и Сања Стаматова и Каролина Димеска од МВР Битола, дефектологот Анета Николовска, психологот Марија Филиповска и педијатарот Марија Торкова.

Настанот се одржа по повод 20 ноември, Светскиот ден на детето, во соработка и со поддршка од „Europe House“ Битола. Го отвори директорката на училиштето, Емилија Николовска Спировски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.