Изложбите беа реализирани на иницијатива и со поддршка на Младинскиот образовен форум и РРОМА. Настанот беше посветен на едукацијата на младите за историските неправди, дискриминацијата, предрасудите и стереотипите, како и за важноста на човековите права и почитувањето на различностите.
Градоначалникот на Берово, Петар Ружински, оцени дека ваквите иницијативи се особено значајни за образованието на младите. Според него, запознавањето со историските неправди помага да се изградат генерации што ќе ги препознаваат предрасудите, ќе се спротивставуваат на дискриминацијата и ќе ги почитуваат човековото достоинство и различностите.
На настанот беше упатена порака дека историјата не треба да се памети само како збир од минати настани, туку и како поука за заедничката одговорност да се гради општество засновано врз почитување, толеранција, солидарност и човечност. Беше нагласено и дека неправдата не смее да има неми сведоци.
Општина Берово ја потврди определбата да ги поддржува младинските иницијативи, образованието и активностите насочени кон развој на свесни, одговорни и активни граѓани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.