384 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Пет мигранти од Непал пронајдени во автомобил во Куманово, возачот лишен од слобода

Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
  • Пет мигранти од Непал се пронајдени во автомобил во Куманово.
  • Возачот е задржан, а мигрантите се спроведени во прифатен центар.

Полицијата синоќа кај местото викано „Нато клучка“ во Куманово пронашла пет мигранти од Непал во автомобил и го лишила од слобода возачот, 29-годишниот А.И. од Скопје.

Контролата била извршена во 22:30 часот во „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал А.И. Постапувале полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Возачот е задржан во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, најави МВР.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.