384 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Кисела Вода планира проекти од граѓанските предлози во буџетот за 2027 година

Фотографија објавена на јавниот профил на Бети Стаменкоска - Трајкоска
Фотографија објавена на јавниот профил на Бети Стаменкоска - Трајкоска

Предлозите и приоритетите собрани од жителите на Кисела Вода ќе се вклучат во подготовката на општинскиот буџет за 2027 година, најави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска. Целта е тие, заедно со проектите од нејзината програма, да се преточат во капитални проекти и програми за следната година.

Стаменкоска-Трајкоска денеска одржа работен координативен состанок со раководителите на општинските сектори за подготовката на буџетот. Документот влегува во финална подготовка, во која собраните иницијативи и утврдените потреби добиваат финансиска и проектна рамка, со цел планираните вложувања да одговараат на потребите на маалата и населбите.

Жителите ги предложуваа своите приоритети и на два отворени буџетски форуми, одржани во соработка со „Finance Think“ под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“. Форумите се одржаа во Домот на култура во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, а предлози можеа да се доставуваат и по електронски пат.

Буџетирањето со учество на граѓаните беше спроведено преку проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Civica Mobilitas“.

На денешната координација ѝ претходеа повеќемесечни теренски активности, со посети во сите месни и урбани заедници, каде што беа утврдувани проблемите на жителите. Градоначалничката одржуваше и секојдневни директни средби со граѓаните за нивните предизвици и предлози.

Преку иницијативата „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем!“, на жителите им беа ставени на располагање контактите на претседателите и секретарите на сите 15 месни заедници за доставување барања. Иницијативата имаше цел да ја зајакне улогата на месните заедници како најблиска точка за контакт со граѓаните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.