Истражувањето ги опфати 80-те општини и Град Скопје. Врз основа на доставени докази беа анализирани нивните активности и напредокот во исполнувањето на законските обврски, обезбедувањето услови за учество на младите и унапредувањето на нивната положба на локално ниво. Беа доделени осум признанија, по едно за секој плански регион.
Наградата беше врачена на Четвртиот национален форум за младинска работа 2026, одржан од 10 до 12 ноември во Младинскиот центар во Охрид. Форумот го организираа Коалицијата на младински организации СЕГА и Младинскиот центар Охрид, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНДП, УНФПА, „RYCO“ и ОБСЕ.
Општина Гевгелија го оцени признанието како поттик да продолжи со активностите за поддршка на младите и создавање можности за нивно активно учество во процесите и случувањата во локалната заедница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.